Американската полиција синоќа го идентификуваше напаѓачот на британскиот писател Салман Ружди.
Станува збор за 24-годишниот жител на Њу Џерси, Хади Матар, кој по потекло е од Либан. Неговото семејство дошло во САД од јужниот либански град Јарун.
Портпаролот на либанската шиитска милитантна група Хезболах, поддржана од Иран, денеска изјави дека нема дополнителни информации за нападот со нож врз писателот Салман Ружди.
– Не знаеме ништо за оваа работа, па нема да коментираме – изјави официјален претставник на Хезболах.