После масовните протести во повеќе градови на светот, како и во самата Русија, и Македонија се приклучува кон антивоеното движење и поддршката на мирот во Украина.
Демонстранти се собраа на улиците на Токио, Истанбул, Мадрид, Прага… Се протестираше и во повеќе градови во Франција, Холандија, Кипар. Најчесто овие протести се организирани од украинската дијаспора која бара мир за својата татковина.
Протестот во Скопје ќе почне во 14.30 на плоштадот „Македонија“ по што ќе се маршира до руската амбасада. Протестот го организира украинската дијаспора во Македонија. Во соседството во текот на минатиот ден се одржаа протести во Белград, Подгорица, Тирана, Приштина…