За да ги спречи руските тенкови да навлезат во градот Киев, украинската армија одлучила да го уништи мостот кој се наоѓал во селото Романивке на автопатот Нови Ирпен.
Но, како што пишува украинска „Правда“, за целосно уништување на мостот постоел огромен ризик дека ќе згасне животот на војникот кој ќе ја изведе операцијата.
Сепак, младото момче Виталиј Володимирович доброволно се пријавило да го минира мостот, а за жал, немало доволно време за да се спаси себеси.
Оваа информација ја потврди и украинскиот Генералштаб, кој објави дека ова е тежок ден за Украина, нарекувајќи го Виталиј „херој на нашето време“.
„На овој тежок ден за нашата земја која се брани од руските окупатори во сите правци, едно од најтешките места на мапата на Украина стана Кримската крстосница каде што се сретнаа нашите војници со непријателот. Инженер на посебен баталјон и морнар Виталиј Володимирович доброволно се пријавил да го минира мостот, но за жал немал време да се спаси. Бил убиен од руските војници“, пишуваат во нивниот пост на Фејбсук.