More

    Сопругот на убиената Халина Хачинс конечно проговори

    spot_img

    Мет Хачинс, кој со починатат сопруга Халина Хачинс го има деветгодишниот син Андрос, поднел тужба против славниот актер Алек Болдвин.

    Сопругот на снимателката која Алек Болдвин ја застрела на снимањето на вестернот, раскажал колку е шокиран и бесен бидејќи актерот не сака да ја преземе одговорноста за нејзината смрт, пишува „Дејли мејл“.

    Халина Хачинс почина на 21 октомври кога Болдвин пукаше од пиштол користен во филмот „Рѓа“, застрелувајќи ја во градите.

    На Болдвин му рекле дека пиштолот со кој мавтал е „ладен“, односно дека не е наполнет. Актерот на 3 декември изјави за „Еј-би-си њуз“дека не се чувствува виновен за нејзината смрт, бидејќи не верува дека тој е одговорен.

    „Гледајќи го, бев толку лут и бесен“, изјавил Мет Хачинс, кој со Халина бил во брак 16 години.

    „Бев толку лут што го видов како зборува за нејзината смрт на толку јавен и на толку детален начин, а потоа дека не прифаќа никаква одговорност, откако тој штотуку опиша дека ја убил“, рекол ожалостениот сопруг.

    Мет, адвокат школуван на Харвард, во интервјуто за „Тудеј“ рекол дека верува дека најголемиот дел од вината е на Болдвин.

    Болдвин во интервјуто во декември рече: „Некој е одговорен за она што се случи, а јас не можам да кажам кој е, но тоа не сум јас“.

    Хачинс на тоа рекол дека идејата дека личноста која го држела пиштолот и го испукала куршумот не е виновна, го смета за апсурдна.

    „Безбедноста на оружјето не беше единствениот проблем на тој сет. Имаше голем број безбедносни стандарди кои не ги практикуваа и постојат повеќе одговорни страни“, додал тој.

    Тој го запознал Болдвин во Ново Мексико, набргу по фаталното пукање. За време на едно големо интервју во декември, Болдвин одговорил дека не знаел што да му каже кога ќе се сретнат.

    „Ме прегрна и ми рече: ‘Претпоставувам дека јас и ти ќе го поминеме ова заедно’“, изјавил тогаш актерот.
    Хачинс, кој со неговата покојна сопруга има деветгодишен син Андрос, на 15 февруари поднел тужба против Болдвин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img