Актерката Френ Дрешер проговори за траумите од ужасната ноќ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Холивудската актерка и комичарка Френ Дрешер (62) која се прослави со улогата на дадилката Френ во серијата „Дадилка“, една од најпопуларните во 90-те години, раскажала во интервјуто за траумите што ги имала кога во 1985 година била силувана.

Френ тогаш имала 28 години, а како што навела, ѝ се заканувале со пиштол, па таа и нејзината пријателка биле силувани пред тогашниот сопруг на Френ, Питер Марк Џејкобсон. Него го врзале и му ги покриле очите со превез, пишува „Си-ен-ен“.

Една вечер додека таа и нејзиниот сопруг биле во кујната со нејзината пријателка, во нивниот дом влегле разбојници.

„Тогаш не знаевме дека тој маж и неговиот брат биле на условна слобода. Беше грозно и помислата дека бил затворен, а потоа пуштен и дека после сè го прави тоа“, рекла таа. Полицијата набрзо потоа успеала да ги најде разбојниците.

„Поради тоа што имам фотографско помнење, ѝ помогнав на полицијата и илустраторот да направат скица според која подоцна го пронајдоа и го приведоа“, раскажала актерката.

Сега знае дека е затворен и дека повеќе никому ништо лошо нема да му направи.

„Барем после сè го имав тој крај којшто многу од жените го немаат. Не морам да се плашам дека би го сретнала зад некој агол. Откако се случи тоа, им кажав на пријателите, но немав сила да им се јавам на своите родители и да им кажам што се случи“, открила Френ.

Актерката првпат приказната за силувањето ја раскажала во 1996 година поради тоа што ѝ бил дијагностициран рак на матката, а сето тоа го напишала и во автобиографијата „Enter Whining“.

Share This Article