Американскиот претседател Џозеф Бајден не бил однапред известен за рацијата во домот на поранешниот претседател Доналд Трамп на Флорида, објави Белата куќа, нагласувајќи дека Министерството за правда спроведува независна истрага.
– Претседателот не бил информиран, ниту некој во Белата куќа знаел за тоа – изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.
Поранешниот американски претседател Трамп изјави дека агенти на ФБИ извршиле рација во неговиот имот во Мар-а-Лаго на Флорида и дека за време на претресот го обиле и сефот.
Според два извора запознати со ситуацијата, ФБИ ја пребарале резиденцијата на Трамп врз основа на налог како дел од истрагата за можното незаконско отстранување и уништување на документите на Белата куќа по неговото претседателствување.