Видеото од Светското првенство 2018 во Русија деновиве повторно е хит на интернет благодарение на TikTok. Главните ликови на видеото се Владимир Путин, Конор Мекгрегор и Јаков Китаровиќ, кои се сретнаа во финалниот натпревар во кој Хрватска играше против Франција.
Ирскиот спортист, тогашниот прв господин на Хрватска и Владимир Путин разговарале пред натпреварот, а камерите снимиле необична ситуација, пренесува Индекс.Конор Мек Грегор побарал од Путин фотографија, на што рускиот претседател се согласил. Мек Грегор потоа му пријде на Путин и силно го прегрна, а набрзо обезбедувањето доби инструкции да му ја тргне раката од рускиот претседател. Тој видно се посрамоти и ја тргна раката, а поради тој потег видеото стана вирално на TikTok.
-„Мек Грегор за малку ќе умреше кога го прегрна Путин“, гласи насловот на видеото кое за четири дена е прегледано девет милиони пати на „ТикТок“.