Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган следниот месец ќе ги посети балканските земји и дека тоа ја потврдува посветеноста на земјата за мирот и стабилноста во регионот.
„Посетата што претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ќе ја оствари на балканските земји следниот месец ја потврдува нашата посветеност на мирот и стабилноста во регионот. Турција силно ги поддржува мирот и стабилноста на Балканот“, рече Чавушоглу, говорејќи на отворањето на 13. конференција на амбасадори што се одржа во Анкара.
Тој исто така изјави дека Турција го отвори патот за безбедно враќање со своите воени операции на северот на Сирија.
Нагласувајќи дека Турција го поддржува ослободувањето на окупираните азербејџански територии, Чавушоглу рече дека неговата земја стои зад вистината и правдата и повторно ја предупреди Ерменија да се воздржи од нови провокации.