На денешен ден во 1962 година во Охрид се одржа Првиот светски шампионат во маратонско пливање на слатки води, кој подоцна прерасна во една од најголемите спортски манифестации од таков вид во Македонија. Се пливаше на 34 километри долгата патека Пештани-Струга-Охрид, а во женска прва на целта пред хотелот „Палас“ пристигна охриѓанката Атина Бојаџи.
Меѓу професионалците победи Абдел Абу Хеиф од Обединатата Арапска Република, а меѓу аматерите неговиот сонародник Небил Шазди. Во професионалната трка од македонските пливачи голем успех постигна Дики Бојаџи – трето место и Климе Савин кај аматерите – четврто место. Од 1992 година шампионатот беше преименуван во Охридски пливачки маратон, кој стана една од трките што се бодува за Светскиот маратонски куп.
Фото: Климе Белкоски