More

    Европски ден на сеќавање на Холокаустот на РомитеЕвропски ден на сеќавање на Холокаустот на Ромите

    spot_img

    Марија Пејчиновиќ Буриќ, генерален секретар на Советот на Европа, по повод европскиот ден на сеќавање на Холокаустот на Ромите потсети дека „денеска и им се оддава почит на илјадниците жртви“, јави дописникот на МИА.

    – Пред 78 години, ноќта меѓу 2 и 3 август 1944 година, 3.000 Роми – главно жени и деца – беа убиени во концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау. Овој масакр е суштинска епизода во историјата на холокаустот врз Ромите. Во оваа приказна, омразата, експлоатацијата и стигмата на крајот доведоа до истребување. Останува од суштинско значење да се потсетиме на овие ужасни настани за да го почитуваме споменот на жртвите и да спречиме такви злосторства да се повторат – нагласи таа.

    Денес, според Марија Пејчиновиќ Буриќ ромските заедници сè уште се соочуваат со антициганизам во многу делови на нашиот континент.

    Тоа е специфичен облик на расизам, идеологија која се заснова на расна супериорност и чиишто манифестации се разновидни и подмолни.

    Според неа, Советот на Европа неуморно ја продолжува борбата против дискриминацијата, расизмот и антициганизмот.

    – На пример, минатиот април нашите земји-членки усвоија Препорака за борба против говорот на омраза. Тој им дава насоки на националните власти и на клучните актери за тоа како да воведат широк опсег на правни и неправни мерки за борба против овој феномен, кој е стар, но секогаш добива нови форми – вели таа.

    Понатаму, паневропската организација подготвува програма за градење капацитети и алатки за спроведување на Препораката на Комитетот на министри за интегрирање на историјата на Ромите во училишните програми и наставните материјали.

    – Што се однесува до нашата опсерваторија за настава по историја во Европа, таа работи за да се осигура дека ова учење се заснова на факти и исто така се занимава со историјата на Ромите и трагедиите низ кои поминале – појаснува Генералниот секретар на Советот на Европа.

    Надоврзувајќи се на претходните иницијативи, според Марија Пејчиновиќ Буриќ, Советот на Европа ќе продолжи да го зачувува сеќавањето на овие настани и да им помага на сегашните и идните генерации да научат за минатото.

    – Но, ова не е доволно. Ние, исто така, ја браниме почитта и достоинството на Ромите, кои имаат право на тоа како и сите други, сега и секогаш – вели таа во изјавата за печатот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img