Зеленски одговори на руската инвазија со прекин на дипломатските односи

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Украинскиот лидер Володимир Зеленски ги прекина дипломатските односи на Киев со Москва како одговор на руската инвазија.

– Ги прекинувавме дипломатските односи со Русија – нагласи Зеленски во видео-порака.

Тоа го означи првиот прекин на врските откако Русија и Украина станаа независни земји по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Претходно, пак, Русија го суспендираше движењето на комерцијалните бродови во Азовското Море до понатамошно известување, објави Руската управа за поморски и речен транспорт.

Комерцијалниот сообраќај во Азовското Море е прекинат по ескалацијата на конфликтот во Украина.

Русија почна „специјална воена операција“ во Украина. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ја одобрил воената акција бидејќи Русија немала друг избор освен да се брани од, како што рече, заканите кои доаѓаат од Украина.

Share This Article