На првиот канал на руската државна телевизија се емитувани снимки од заробеничкиот логор во Еленовка, кој утрово беше гранатиран.
Руски извори тврдат дека затворот бил погоден со ХИМАРС ракети од американско производство, кои од неодамна се дел од арсеналот на украинската армија.
Од другата страна засега нема официјално известување, но одредени украински канали на социјалните мрежи ја обвинуваат Русија за егзекуцијата на заробените украински војници.
Во затворот во Еленовка се наоѓаа дел од украинските војници заробени во борбите околу фабриката „Азовстал“ во Мариопол. Според последните информации, најмлаку 53 лица се загинати, а повеќе од 120 се ранети во ракетниот напад.