Кери Рајчерт, поранешна стриптизерка од Лас Вегас, реши да заработи од сеќавањата на нејзината бурна средба со принцот Хари, која се случила во август 2012 година.
Таа се присетила на вечерта со него, кога го бакнала тогаш 27-годишниот член на кралското семејство.
– Младиот Хари беше „прилично отворен“ кога се бакнувавме – рекла таа.
– Беше обично, пијано плеткање. Немаше ништо романтично во тоа, само забава – рекла таа, а потоа додала:
„Алкохолот влијаеше врз него. Бев таму 15 до 20 минути“.
Кери се присетила како принцот имитирал свирење на гитара со помош на знак за базен кога таа пристигнала во неговиот апартман во неговото луксузно одморалиште.
Во тоа време, како што многумина се сеќаваат, принцот се појави на насловната страница на магазинот „Сан“, а папараците го фотографираа целосно гол, криејќи ги гениталиите со рацете, а зад него стоеше жена во бикини.
Стриптизета, која сега се вика Кери Ројал, рече дека принцот ѝ ги дал гаќите што ги носел таа луда ноќ. Таа решила да ги стави на аукција, заедно со фустанот и костимот за капење што го носела, надевајќи се дека ќе добие околу милион евра од колекционер кој е луд по кралското семејство.
– Хари стана многу здодевен, што е вистинска штета. Кога лудуваше во Вегас, сите го сакаа него и неговата смисла за хумор. Барем овие панталони се потсетник на тоа каков бил кога бил забавен принц – изјавил портпаролот на стриптизерката и додал:
– Штета што деновиве е целиот депресивен и сериозен. Дури и како оженет човек со две деца, треба да се опушти одвреме-навреме“, додал тој.
Принцот Хари своевремено рече дека таа забава се случило неколку недели пред да замине за Авганистан.