Американскиот претседател Џо Бајден нема речиси никакви симптоми на ковид-19, откако беше позитивен минатата недела, соопшти денеска неговиот лекар.
– Во овој момент, симптомите се затнат нос и минимална болка во грло – рече лекарот на Бајден, д-р Кевин О’Конор, во соопштение од Белата куќа.
Во текот на викендот, болките во телото и кашлицата се намалија, а претседателот немаше потешкотии со дишењето, додаде докторот.
Тој повтори дека белите дробови на претседателот Бајден се во ред и дека добро реагира на пропишаната терапија.
Бајден во четвртокот беше позитивен на ковид-19.