More

    Лекарската комора врши редовен стручен надзор по однапред утврден годишен план над работата на здравствените установи и здравствените работници

    spot_img

    Лекарската комора врши редовен стручен надзор по однапред утврден годишен план над работата на здравствените установи и здравствените работници, за кој согласност дава министерот за здравство, а вонреден стручен надзор може да се изврши на барање на државен орган, пациент или член на неговото семејство.

    За да се изврши вонреден надзор потребно е подносителот на барањето до Комората да достави писмена пријава и комплетна документација за случајот, која често се доставува некомплетна или со задоцнување, што може да биде една од причините за доцнење на надзорот, велат од Лекарската комора објаснувајќи ја својата улога во здравствениот систем.

    Оттаму велат дека од почетокот на пандемијата со ковид 19 до Лекарската комора се поднесени поголем број барања за вонреден стручен надзор.

    На овие барања не може да се одговори со очекуваната динамика, бидејќи во комисиите кои треба да го направат надзорот се ангажираат лекари вработени во здравствените установи кои беа и се ангажирани со поголем интензитет на работните места поради зголемениот број пациенти. За секоја пријава се формира посебна комисија која брои три члена, а изборот на специјалноста на лекарите кои се нејзини членови се прави врз основ на тоа за каков случај станува збор. Во комисиите поврзани со случаите со ковид-19 требаше да се вклучат инфектолози, пулмолози, анестезиолози, кои се дефицитарни специјалности и кога станува збор за лекување на пациентите, за лекарите тоа е приоритет во однос на ангажманот во стручниот надзор. Исто така, треба да се разграничи и дека стручниот надзор не е судско вештачење, односно тој не прави реконструкција на настаните, туку ја констатира состојбата врз основ на расположлива документација и земени изјави од доктори и други здравствени работници кои активно биле вклучени во лекувањето и третманот на пациентот и дава стручно мислење“, се наведува во објаснувањето на Комората.

    Комората додава дека доставила писмена информација до Министерството за здравство за да се најде решение кое ќе ја направи нејзината работата побрза и поефикасна.

    Согласно Законот за здравствена заштита, Лекарската комора има овластување за издавање, обновување, продолжување и одземање лиценца за работа на докторите по медицина. Кога е во прашање стручноста на лекарот законот предвидува привремено и трајно одземање на лиценцата, кое во двата случаи се прави ако постои соодветна судска пресуда со која се докажува дека докторот сторил кривично дело поврзано со здравствената дејност или сторил стручен пропуст или грешка при работата со што предизвикал трајно нарушување на здравјето или смрт на болниот.

    „Одземањето на лиценца за работа е сериозен чин поради што и Законот предвидува тоа да се прави само во случај на постоење на судска пресуда со која се докажува дека лекарот сторил кривично дело. Одземањето на лиценцата не може да се прави по лично убедување на поединци без да се докажат поставените сомневање, бидејќи тоа би бил сериозен атак на професијата и можност за злоупотреби. Лекарската комора во овој дел постапува максимално стручно и одговорно и ги процесира сите предмети за кои е добиена соодветна судска пресуда“, се наведува во соопштението од Комората.

    Оттаму истакнуваат дека системските проблеми кои постојат во здравствениот систем од каде најчесто произлегуваат причините за незадоволството на пациентите и пропустите во лекувањето, нема да дозволат по правило да се препишуваат на стручноста на лекари и на раководството на Комората, бидејќи, како шо велат, тоа е тенденциозно, неоправдано и што е најважно не носи решение за надминување на состојбите и спречување на можностите проблемите да се повторуваат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img