More

    Скопјанец сакал да ја запали куќата, го давел синот и се обидел да го фрли од тераса

    spot_img

    Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 43-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 и во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Во исто време, надлежниот обвинител презеде дејствија од кои произлезе дека осомничениот сторил и кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1, кое претходело на обидот за убиство.

    На 23 јули, во вечерните часови, осомничениот во алкохолизирана состојба пристигнал во семејната куќа во Радишани, каде со сопругата и децата живееле разделени на посебни катови поради претходно нарушени односи. Притоа започнал да ги навредува сопругата и ќерката, ги полеал скалите, оградата и ѕидот од куќата со бензин, заканувајќи се дека ќе ги запали ако не се отселат.
    Кога неговиот 18-годишен син се обидел да го спречи во семејното насилство, осомничениот со умисла се обидел да го лиши од живот. Тој го давел оштетениот со двете раце на вратот и се обидувал да го фрли од терасата на вториот кат кон дворот на куќата, на висина од 2,5-3 метри. Во намерата го спречиле сопругата и двајца сведоци на настанот.

    Оценувајќи дека постои сериозна опасност осомничениот да се даде во бегство доколку се брани од слобода, да се обиде да го доврши обиденото кривично дело и да го стори делото кое се заканувал дека ќе го изврши, како и да влијае врз сведоците и врз оштетениот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје вечерва достави предлог за определување мерка притвор.​

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img