Бајден веројатно се заразил со лесно пренослив сој на коронавирусот и сега има болки во телото и грлото

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американскиот претседател Џозеф Бајден веројатно се заразил со лесно пренослив сој на коронавирусот и сега има болки во телото и грлото, објави денеска неговиот лекар.

Видот, познат како БA.5, е изданок на сојот омикрон што се појави кон крајот на минатата година и се верува дека со него се заразени повеќето од позитивно тестираните на коронавирусот во земјата.

Лекарот на американскиот претседател, Кевин О’Конор, кажа дека претходните симптоми на Бајден, кои вклучуваат течење на носот и кашлица, станале „помалку проблематични“.

Виталните знаци на Бајден, како што се крвниот притисок и брзината на дишење, „остануваат сосема нормални“, напиша докторот.

О’Конор додаде дека прелиминарните резултати од секвенционирањето што укажуваат на варијантата BA.5 не влијаеле на планот за лекување на Бајден „на кој било начин“.

Бајден излезе позитивен на коронавирусот во четвртокот наутро, соопшти Белата куќа, додавајќи дека 79-годишниот претседател почнал да зема паксловид, антивирусен лек што треба да ја ублажи формата на болеста.

Претставници на американската администрација истакнаа дека неговите симптоми биле благи бидејќи има примено четири дози од вакцината.

Share This Article