Шефот на Пентагон, Лојд Остин, денеска изјави дека САД ќе ѝ испратат на Украина уште четири артилериски ракетни системи ХИМАРС.
– Продолжуваме да бараме нови начини да им се пружи долгорочна поддршка за храбрите мажи и жени на украинските вооружени сили и ќе ја адаптираме нашата помош така што Украина би имала технологии, боева муниција и огромна огнена моќ за самоодбрана – изјави Остин на почет
Системите ХИМАРС имаат голем радиус на дејствување и повисока прецизност, отколку артилеријата од советско време со што располага Украина. Земјата неделава изјави дека со вакви ракетни фрлачи досега нанела 30 удари по руски позиции за материјално-техничко снабдување и муниција.
Според Остин, новиот пакет помош вклучува и муниција и други артилериски боеви резерви.Заедно со овие четири, САД досега на Украина ѝ доставија 16 системи ХИМАРС.
Од почетокот на војната, САД имаат пружано помош за одбрана на Украина во висина од осум милијарди долари, вклучително и 2,2 милијарди во изминатиот месец.