Цените на горивата за една година пораснале за 70 отсто, платите не пораснаа воопшто, затоа со СДСМ и ДУИ има сиромаштија, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
– Во април 2020 година дизелот се продавал по цена од 46 денари, април 2021 година цената била 56 денари, а денес истиот се продава по цена од 75 денари, покачување од 63 отсто.Драстичен раст има и кај цената не бензинот. Тој во април 2020 година се продавал по цена од 50 денари, април 2021 по цена од 69 денари, а денес по цена од 84.5 денари, што е покачување од скоро 70 отсто велат од партијата.
Оттаму додаваат дека горивата се клучна алка во голем број индустрии, цената на сите производи во голема мера зависи од нивната цена.
– Погодени се граѓаните, транспортерите, рударството, градежништвото, буквално сите дејности. Со СДСМ и ДУИ има сиромаштија. Со СДСМ и ДУИ нема да има решение на кризата – велат од ВМРО-ДПМНЕ.