More

    Највисока температура досега: Прогнозата за 2050 година веќе се остварува

    spot_img

    Пред две години, синоптичарите во Обединетото Кралство спроведоа експеримент, односно истражуваа како би можеле да изгледаат нивните прогнози во 2050 година?

    Климатската криза води до екстремни временски услови ширум светот, а температурите во северните географски широчини се особено чувствителни на овие промени. Така, во летото 2020 година, метеоролозите од Метеоролошката канцеларија на Обединетото Кралство, официјалната агенција за временска прогноза на Велика Британија, ги разгледаа долгорочните климатски модели за да откријат какви температури ќе предвидат за околу три децении.

    „Ова не е вистинска временска прогноза, туку примери на веројатна прогноза врз основа на климатските проекции“, се вели во графиката на Met Office. Меѓутоа, во понеделник и вторник „веројатно“ станува реалност, 28 години порано, пишува CNN.

    Атмосферскиот научник од Универзитетот Колумбија во Њујорк, Сајмон Ли забележа впечатлива сличност помеѓу прогнозата за 2050 година и прогнозата за почетокот на следната недела во Обединетото Кралство.

    „Денешната прогноза за вторник е шокантно идентична за големи делови од земјата“, напиша тој на Твитер, додавајќи во подоцнежната објава дека она што ќе дојде во вторник нуди поглед во иднината.

    За прв пат во историјата издадено предупредување за црвени горештини
    За 30 години, оваа прогноза ќе изгледа сосема вообичаена. На почетокот на следната недела во Велика Британија се предвидува дека температурите ќе бидат од 10 до 15 степени над нормалата. Највисоката температура за прв пат би можела да се приближи до 40 степени Целзиусови, што ги натера метеоролозите да издадат „црвено“ предупредување за топлина за прв пат во историјата. Највисоката температура досега измерена беше 38,7 степени Целзиусови во ботаничката градина во Кембриџ во 2019 година.

    „Климатските промени веќе влијаеја на потенцијалот за екстремни температури во ОК. Шансите за надминување на 40 степени рапидно се зголемуваат, рече научникот за атрибуција на климата на Met Office, Никос Кристидис.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img