Доналд Трамп ја коментира кризата во Украина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска  жестоко го обвини својот наследник Џо Бајден за лошо управување со украинската криза и излезе со тврдење дека Владимир Путин „никогаш немаше да постапи вака“ доколку тој и денеска беше во Белата куќа.

– Доколку се управуваше правилно, нема апсолутно никаква причина воопшто да се случи тоа што денеска го гледаме – рече поранешниот американски претседател.

– Добро го познавам Владимир Путин и никогаш не би го направил тоа што го прави сега за време на администрацијата на Трамп. Не доаѓа предвид! – рече Трамп коментирајќи ја наредбата на рускиот претседател за распоредување руски војници во двата сепаратистички региона од источна Украина.

Американската опозиција ја критикуваше блискоста на Трамп, за време на неговиот мандат, со претседателот Путин.

Американскиот милијардер кој размислува за повторна кандидатура за Белата куќа оцени дека „се слаби“ санкциите што ги воведе администрацијата на Бајден против Путин за блиски до него поединци и организации.

– Тие се незначителни кога се споредуваат со окупацијата на една земја или стратешки области – рече тој.

– Не само што Путин го постигнува тоа што отсекогаш го сакал, туку и станува побогат благодарение на зголемените цени на нафтата и гасот – додаде поранешниот американски претседател.

Share This Article