Османи се сретна со Фон Дер Лајен

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Изразувајќи благодарност за оваа посета, Османи подвлече дека Европската комисија отсекогаш била докажан партнер на патот на евроинтегративен пат на земјава, стриктно и објективно анализирајќи ги состојбите и остварениот напредок преточен во извештаите за напредокот на државата. Оваа поддршка ќе продолжи и понатаму со официјалното отворање на пристапните преговори низ процесот на скрининг.

– Оваа посета доаѓа во вистинско време, при самото заокружување на широкиот консултативен процес за предлогот на Француското претседателство и вашето денешното обраќање во Собранието го сметаме за значаен придонес во овој процес и поддршка за продолжување на нашите европски интеграции – истакна Османи, потсетувајќи дека е втор пат во нашата историја, Претседател на Европската Комисија да се обрати во нашето Собрание. Првиот пат Романо Проди, на самиот старт на нашиот евроинтегративен пат, по повод потпишувањето на Спогодбата за Стабилизација и Асоцијација, и сега на самиот старт на преговорите, како финална фаза пред нашето полноправно членство во Унијата.

Share This Article