More

    Странски инвестиции во вредност од 400 милиони евра

    spot_img

    Во првите шест месеци од годинава обемот на инвестиции е околу 240 милиони евра, отворени се нешто под 3 000 нови работни места, а реализирани се и 2,2 милиона евра вкупен извоз, 18 милиони евра приход за државата од персонален данок, 91 милион евра од придонеси и 18 милиони евра од ДДВ, рече денеска директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски.

    До крајот на годината, информира Деспотовски, се очекуваат инвестиции „тешки“ над 400 милиони евра кои ќе отворат преку 5.000 работни места

    Деспотовски истакна и дека се во завршна фаза разговорите за две нови инвестиции за што очекува детали да бидат соопштени до крајот на летото, а во почетокот на следната недела доаѓа делегација од американско-тајванската компанија со чии претставници веќе се направени подготвителни разговори.

    – Конкуренцијата е доста сериозна. Станува збор за голема инвестиција, спомнав некаде над 250 милиони евра, така што ќе работиме до крајот на годината, бидејќи најавите од компанијата се до крајот на оваа година да има конечна одлука за тоа дали ќе се избере прво регионот во однос на Кина, а доколку се избере регионот дали тоа ќе биде Северна Македонија, Србија или Хрватска – нагласи директорот, одговорајќи на новинарски прашања.

    Според него, минатата година просекот на платите во зоните првпат го надмина националниот просек.

    – Дали се платите на задоволително ниво? Мојот став е дека не се. Сакам и очекувам и ќе работиме на тоа да растат уште подинамично. Добро е тоа што во Европа има компании кои се подготвени да платат и 30 проценти повисока плата од просечната, зборуваме за почетна позиција на работно место со средно образование, така што сметам дека имаме можност со паметен пристап и со развој понатаму не само кај постојните компании да поттикнеме дополнителен раст на платите, туку и во зоните да донесеме компании кои реално имаат можност заради дејноста што ја вршат, да плаќаат навистина поголеми износи – истакна Деспотовски.

    На прашањето дали има доволно работна сила за фабриките во зоните, тој одговорни потврдно, изразувајќи уверување дека во некој краток или среден рок се уште ќе може да се одговори на потребите на компаниите.

    – Се уште има, иако мислам дека не сме многу далеку од моментот кога ќе се соочиме реално со недостаток. Сега зборуваме за неколку крупни инвестиции што ги планираме до крајот на оваа година, тежината е некаде над 400 милиони евра и кои ќе ангажираат сигурно над 5 000 работни места. Тоа значи дека и со постојните кои се уште имаат работни места што треба да се пополнуваат, реално ќе се направи притисок на пазарот на трудот. Верувам дека имаме се уште резерви, дека има добар дел од младите луѓе кои се уште можеби не целосно ги согледуваат можностите што ги нудат компаниите во зоните, така што ќе се обидеме тие можности да ги донесеме што е можно поблиску до нив – рече директорот. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img