More

    Поранешниот португалски репрезентативец кариерата ја продолжува во Австралија

    spot_img

    Поранешниот португалски фудбалски репрезентативец и долгогодишен член на Манчестер Јунајтед Луис Нани (35) кариерата ќе ја продолжи во австралискиот клуб Мелбурн Виктори со кој потпиша двегодишен договор.

    Нани за Португалија забележа 112 настапи и постигна 24 гола и беше член на селекцијата која го освои Европското првенство во 2016 година.

    Најголемиот клупски успех го постигна во Манчестер Јунајтед каде играше осум сезони, а во 2008 година ја освои Лигата на шампионите и титулата во Англија.

    Покрај Јунајтед, Нани играше и за Спортинг, Фенербахче, Валенсија, Лацио, Орландо Сити и Венеција.

    Тој во јануари потпиша договор на една и пол година со Венеција, но на крајот од минатата сезона по само 10 настапи тој договор меѓусебно беше раскинат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img