Генералниот директор на „КОСТАЛ – Македонија“, Виктор Мизо, повторно ќе ја предводи Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, откако членовите му ја дадоа довербата за нов двегодишен мандат.
Како и досега, и во наредниот период приоритет за новото раководство ќе биде Асоцијацијата активно да учествува во процесите за унапредување на условите за водење бизнис во земјава, преку предлагање мерки и препораки за креирање најдобри можни решенија, кои ќе донесат одржлив и побрз економски развој.
Асоцијацијата ги презентираше реализираните активности во изминатиот период и ги разгледа клучните иницијативи и предлози, кои се од значење за унапредување на работењето на компаниите со технолошки напредно производство, а во функција на зголемување на продуктивноста, конкурентноста, но и на атрактивноста на земјава за задржување на постојните и за привлекување нови инвеститори.
На виртуелната седница беа избрани и заменици-претседатели: Боријан Борозанов од „Џонсон Мети“, Светослав Смилков од „АРЦ Аутомотив“ и Ѓорѓи Тренкоски од „Теламон“.