Русија ќе продолжи да ги снабдува светските пазари на природен гас без прекин, напиша рускиот претседател Владимир Путин во писмото до Енергетската конференција во Доха во вторник. Зборовите дојдоа во време кога САД и нивните европски сојузници имаат намера да објават нови санкции кон Русија, откако претседателот Путин призна два отцепени региони во источна Украина.
Правилната испорака на гас во вторникот ја потврди рускиот министер за енергетика Николај Шулгинов на конференцијата на извозниците на гас во Доха.
-„Сакаме балансирани глобални пазари на гас“, рече Шулгинов.