More

    Петличковски: Сепак е рано да прогласиме крај на пандемијата

    spot_img

    Во многу подобра ситуација сме од пред две години и се движиме кон ендемска форма на оваа болест. Со околу 70 или 80 проценти имунизирано население, се очекува да имаме блага пролет и да подзаборавиме на ковидот. Не можеме да предвидиме како ќе биде следната  зима и дали ќе има сезонска вакцинација за корона како за грип, смета д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.

    На Телевизија 24 тој рече дека е рано да ја прогласиме пандемијата за завршена и да кажеме дека омикрон ќе биде последната варијанта на вирусот.

    – Ќе има и други варијанти, но има повеќе други параметри кои укажуваат дека пандемијата спласнува со интензитетот односно со ризикот што го носи по здравствените системи и по индивидуалците. Но, сѐ уште трае и денес сѐ уште умираат луѓе заразени со омикрон за кој велиме дека има многу поблаг тек. Претпоставките се дека пандемијата постепено ќе добие ендемски вид, што значи дека вирусот ќе продолжи да биде меѓу нас, но ќе се појавува во одредени групи, држави, популации и не се очекува да има вакви сериозни импликации односно толку голем број смртни случаи  -рече Петличковски.

    Тој соопшти дека новиот состав на Комисијата што ја предводи си зела задача да ги дефинира начините на кој ќе се сумираат бројките на починати и ќе се презентираат пред јавноста.

    Петличковски не ја исклучува можноста од укинување на сертификатите како услов за влез во моловите. Смета дека тие го губат значењето бидејќи се заразуваат и вакцинирани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img