Сопругата на Ноле се појави на Вимблдон во хит обувки

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Тенискиот турнир Вимблдон е ревија на врвниот тенис, но и на високата мода. На теренот, играчите се принудени да носат бело, но тоа не ги спречува нивните навивачи да ја покажат своите модни комбинации. Иако не важи за некој кој се облекува екстравагантно, Јелена Ѓоковиќ сепак има и неколку стилски моменти за паметење.

Имено, убавата сопруга на тенисерот Новак Ѓоковиќ овој пат се одлучила за едноставна бела кошула и панталони, а деталите ја направиле комбинацијата посебна. Таа се одлучила за светло црвен џемпер (кардиган) кој го наметнала преку рамења и популарните мокасини во иста боја. Токму овие чевли се хит на сезоната, а Јелена се одлучила за модел од еден популарен бренд, кој чини речиси 1.000 евра, пишува Srecna.republika.rs.

Таа дури и нашла автомобил во истата боја и се фотографирала пред него. Сепак, сè е во деталите. Она што многумина го пофалија е нејзината коса која на фотографијата е изразито брановидна. Имено, на сите им е познато дека Јелена обожава да носи плетенки, а нејзината фризура на Вимблдон најверојатно настанала откако ги расплела плетенките.

ФОТО: Инстаграм

Share This Article