More

    Стопанската комора нуди бесплатни обуки за компаниите

    spot_img

    Ако сакаат да бидат конкурентни и да останат на пазарот компаниите ќе мора да го дигитализираат работењето. Пандемските години ја актуализира потребата тие да се приспособат на новите барања на клиентите. За поголемите компании процесот е полесен, бидејќи имаат пари и човечки ресурси и им останува само волја да ги воведат напредните технологии, но малите компании кои се соочуваат со недостиг од финансии во наредниот период ќе мора да изнајдат сили да се вклучат во процесот за да останат на пазарот.

    Ова беше речено на денешната прес-конференција во Стопанската комора на која беа најавени едукативни вебинари за дигитализација за компаниите.

    Според претседателот на претседателот на Советот за напредни технологии при Стопанската комора, Никола Љушев, малите компании ќе треба да го дигитализираат работењето за да бидат попродуктивни и поконкурентни.

    – Кај големите интернационални компании дигиталната агенда е високо котирана, но малите компании кои главно функционираат локално и кои имаат ограничен капитал ќе треба да ги засилат активностите и да не зависат од традиционалниот начин на работа – рече тој.

    Според него, пандемијата покажа дека работењето на компаниите треба да се менува за да се одговори на клиентите.

    – Далеку најдобро во пандемската година се приспособија угостителите. Така продолжија да работат, односно да произведуваат храна и да ја продаваат онлајн – додаде Љушев.

    За Зоран Јовановски, потпретседател на Стопанската комора, потребна е поголема координација за да се добијат подобри ефекти од дигитализацијата на компаниите.

    – На ниво на цела економија од аспект на дигитализацијата е прашање на долготочен развој. дигитализацијата не е веќе прашање на избор, туку е прашање на опстанок. Постои потреба од добра координација на сите активности поврзани со дигитализацијата за ресурсите од економијата и помошта од државата за бизнис секторот да извлече максимален ефект – рече тој.

    Јовановски, рече дека Стопанската комора се трансформира, па покрај традиционалните активности, формираше и совети кои нудат обуки за вработените на компаниите по различни основи.

    – Новите совети не се дебатни клубови, туку механизми за конкретна помош на бизнис секторот и нивната работа не е ограничена само на членките на Комората, туку се однесува на сите заинтересирани компании – рече тој.

    За да ја поттикне дигитализацијата на компаниите стопанската комора од четврток и наредните денови од февруари и март организира 4 бесплатни вебинари за дигитализација на компаниите и тоа за секторите малопродажба, производство, градежништво и финансии.

    Вебинарите ќе бидат од отворен карактер, а целта е да се поттикне дигитализацијата на компаниите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img