Бугарски пратеници денеска во Собранието држеа транспаренти на кои пишува „Македонија е Бугарија“, пренесе Фактор.
Пратениците од пратеничката група „Преродба“ како и гостите на балконот од пленарната сала во бугарското Народно собрание подигнаа транспаренти со натпис: „Македонија е Бугарија“, а претседавачот на седницата Атанас Атанасов побара да ги тргнат за да не мора да ги земе и да ги избрка надвор од салата.
Македонија го одби францускиот предлог, а бугарската страна го модифицираше и го усвои.