More

    Внимавајте! Мало невнимание може да предизвика пожар со тешки последици

    spot_img

    По настапувањето на последните, значително повисоки температури и најавите дека во наредните денови тие уште повеќе ќе се зголемат, во голема мерка се зголемија и потенцијалните опасности за избувнување пожари. Особено поради фактот дека има забележителна раздвиженост на нивите, но и во шумите, укажуваат денеска вио соопштение од Министерството за внатрешни работи.

    Повикуваат на внимателност при движење во поле и низ шумите, и да не се палат отпадоци, меѓи и стрништа на нивите и да не се фрлаат неизгаснати догорчиња.
    – Покрај ова, на оние кои ќе престојуваат на излетничките места, им се укажува да се воздржат од палење огнови, кои брзо можат да пламнат и да се прошират наоколу, а со тоа да предизвикаат и материјални и други последици од несогледливи размери. Исто така, на отворен простор да не се оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да причинат пожар – се наведува во соопштението.

    Најавуваат дека доколку граѓаните не се придржуваат на овие апели и препораки ќе се соочат со ригорозни законски санкции, односно со пријави и можни затворски казни од 6 месеци до 8 години, зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.

    – Министерството за внатрешни работи овој месец засилено презема координирани превентивни и други мерки со советодавните групи на граѓани, месните и урбаните заедници, навреме да се пресретнат можните причини за пожари, а во координација со други институции и служби ќе бидат засилени и планираните контролни активности – порачуваат од МВР.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img