Бугарската партија „Има таков народ“ ќе побара затворена седница на Парламентот за Северна Македонија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Бугарската партија „Има таков народ“ ќе побара затворена седница на Парламентот за Северна Македонија, на која министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска „ќе изнесе информации“ и ќе ги претстави тајните стенограми за водени разговори за таа тема, изјави претседателот на парламентарната група Тошко Јорданов на прес-конференција, откако се обзнани дека шест пратеници од нивната партија се изјаснија за независни.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Јорданов, партијата „Продолжуваме со промената“ се обидува да го измести фокусот од ветото за Северна Македонија.
Тој рече дека станувало збор за таен стенограм, во кој премиерот на Бугарија Кирил Петков пред некои еврокомесари разговарал што планира да прави за оваа тема, прашувајќи дали тоа не е национално предавство и ако не е, што ги спречува да одржат затворена седница.

Јорданов рече дека се собрани потребните 48 потписи за одржување затворена седница оваа недела, но претседателот на Парламентот Никола Минчев го одбил тоа.

Share This Article