Германската сојузна влада ја достигна границата на својот фискален капацитет, соопшти денеска министерот за финансии Кристијан Линднер.
Касата на владата ја исцрпеа дополнителните средства за справување со пандемијата на коронавирусот, последиците од војната во Украина и фондот за климатски промени.
– Нема резерви во федералниот буџет за 2022 година – рече Линднер, пренесува германскиот портал t-online.
Тој изјави дека на граѓаните пред есен не треба да им се дава дополнителна финансиска помош за да се ублажат последиците од зголемената инфлација.
– Советувам да се ослободат мерките што се преземени за да можат да функционираат – рече тој.
Германската Влада во март најави пакет помош од 16 милијарди евра за да им помогне на потрошувачите да се справат со зголемените цени на енергијата и да ја намалат зависноста од рускиот гас.