Германскиот производител на автомобили Мерцедес-Бенц повлекува речиси милион свои возила поради можен проблем со системот за сопирање, соопшти германската Федерална управа за транспорт.
Тоа се моделите од 2004 до 2015 година на SUV сериите ML и GL, како и луксузниот миниван од класата R, додаваат од германската администрација.
Корозијата на засилувачот на сопирачките може, во најлош случај, да ја прекине врската помеѓу педалата на сопирачката и системот за сопирање, се вели во соопштението.
Вкупно 993.407 возила ќе се влечат ширум светот, од кои 70.000 во Германија, пишува Fenix Magazine повикувајќи се на Bussines Insider.