Македонската фудбалска репрезентација вечерва на гостувањето во Гибралтар ја оствари зацртаната цел и со триумф од 2-0 (1-0) ја забележа првата победа во рамки на групата 4 од Ц-дивизијата во Лигата на нации.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски поведоа во 20. минута со десеттиот репрезентативен гол на Енис Барди, а печат на победата стави Бобан Николов во 84 минута.
По воведното реми против Бугарија во Разград и победата над Гибралтар, македонската фудбалска репрезентација ќе го заокружи јунскиот циклус во Лигата на нации со два натпревари на домашен терен.
На 9 јуни на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе гостува Грузија, додека идната недела следува реваншот против Гибралтар.
Независен.мк пренесе дека камерата во преносот во живо од натпреварот ја прикажала обвинителката Фатиме Фетаи како сама на трибините ја бодри македонската репрезентација во Гибралтар.