Експертите спровеле студија на 170.000 здрави Британци во нивните 50-ти години и ги анализирале нивните навики за пиење кафе. Тие ги поделија луѓето во категории: оние кои пијат засладено кафе, оние кои пијат незасладено кафе и оние кои воопшто не пијат.
Откриле дека пиењето помеѓу две до четири шолји кафе на ден е најдобрата опција, без разлика дали користеле шеќер во кафето или не.
Тие тоа го објаснија вака: оние кои пиеле незасладено кафе имале до 29 отсто помал ризик од прерана смрт во споредба со оние кои воопшто не го пиеле, додека засладеното кафе било поврзано со 31 отсто помал ризик.
Треба да се нагласи дека просечниот пиеч на кафе кој користел шеќер во кафето додал само околу една кафена лажичка шеќер, што е контролирана доза и не претставува сериозен ризик, тврдат научниците. Тоа е многу помалку од количината на шеќер додаден во готовите кафиња што се продаваат во различни трговски синџири, предупредија тие.
Ова истражување е дел од многу студии кои го поврзуваат кафето со бројни здравствени придобивки, вклучувајќи општа долговечност и помал ризик од депресија или дијабетес, пишува Index.hr.
Се верува дека соединенијата на кафето го намалуваат воспалението, го забрзуваат метаболизмот и ја подобруваат чувствителноста на инсулин.