More

    Џамбазов: „Нека не ме канат, јас сум за нив умрен човек!“

    spot_img

    Неодамна, Игор Џамбазов го искористи своето интернет ќоше за да изрази незадоволство за третманот на македонските музичари. Преку својот инстаграм – профил Џамбазов им се обрати на сите сопственици на дискотеки и локали, кои, како што вели тој, „ангажираат полуанонимни пејачки од Балканот“:

    „Ги замолувам сите сопственици на дискотеки и клубови кои ангажираат полуанонимни пејачки од Балканот, со една и пол песна во кариерата, а ги плаќаат 5 (со букви: пет) пати повеќе од најдобрите македонски изведувачи, ич да не ме бараат за настап со мојот бенд. За вас, дечки, сум недостапен… Дур сум жив“, објави Џамбазов и напиша „Назад во реалноста“.

    По објавата следуваше лавина од коментари и поддршка од бројните следбеници на актерот, неговите колеги и пријатели. Естрадниот магазин „Бекстејџ“ реши да ја обработи оваа тема, се со цел да го види ставот на македонските изведувачи поврзани околу истото.

    Бојкотот на Џамбазов ја крена македонската естрада на нозе – додека едни го поддржуваат, други велат дека домашните изведувачи немаат што да понудат.

    Игор Џамбазов изреволтиран додаде:

    – Не да не ме канат, нека не ми се јавуваат воопшто. Јас сум за нив умрен човек.

    Погледнете го целото интервју:

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img