Врховниот суд ја потврди пресудата за случајот „Рекет“ во кој Катица Јанева и Бојан Јовановски се осудени на 7, односно на 9 години казна затвор.
„Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 1 јуни 2022 година постапуваше по предметот КВПКОК2бр.19/21, познат во јавноста под името ‘Рекет’, оформен по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда поднесени од осудените Бојан Јовановски и Катица Јанева и одлучи барањата да ги одбие“, соопшти судот.