Тројно повеќе ќе нѐ чини посетата на ЕУ-земјите

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Асоцијациите на европските авиокомпании и туристичкиот сектор жестоко реагираа на предлогот на Европската комисија за речиси тројно зголемување на надоместокот за новиот систем за овластување за патување – ЕТИАС (ETIAS). Според планот, таксата која првично требаше да изнесува 7 евра, сега се предлага да биде 20 евра, а системот треба да стартува во четвртиот квартал на 2026 година.

ЕТИАС ќе стане задолжителен за сите државјани на трети земји, вклучително и македонските граѓани, на кои не им е потребна виза за краткотрајни патувања во ЕУ и Шенген зоната. Секој патник ќе мора онлајн да поднесе барање за овластување и да ја плати таксата пред патувањето. Со одобрено ЕТИАС ќе може да се влезе во 30 европски држави и да се престојува до 90 дена во период од 180 дена.

Туристичките асоцијации реагираат дека ова зголемување е неоправдано, нејасно образложено и потенцијално штетно за граѓаните и индустријата. Во заедничко соопштение, меѓу кои се и „Airlines for Europe“, Европското здружение за туризам, Здружението на европски туроператори, Асоцијацијата на хотелиери и ресторани, тие наведуваат:

„Иако надоместокот можеби изгледа симболичен, неговото кумулативно влијание врз семејствата и туристите е сериозно, особено во контекст на растечките цени на сместување и другите трошоци“.

Асоцијациите ја повикуваат Европската комисија да презентира детална финансиска анализа и да разгледа алтернативи, како предлогот за такса од 10 или 12 евра. Тие се жалат на недостаток од транспарентност во начинот на кој бил предложен овој износ и бараат јавна расправа и инклузивност во процесот на носење одлуки.

Европската комисија го оправдува предлогот со растот на инфлацијата и трошоците за технолошка поддршка на системот. Според нив, предложената цена од 20 евра е слична на таксите во други земји – британскиот „ETA“ чини 16 фунти (18,4 евра), а американскиот „ESTA“- 21 долар (17,8 евра).

Но, туристичкиот сектор остро возвраќа:

„Врзувањето со слични системи во други земји е опасен преседан. Одлуките на ЕУ треба да бидат базирани на реални потреби и трошоци, не на споредби без правна основа“.

Дополнително, се предлага вишокот од собраните средства да се користи за модернизација на туристичката инфраструктура, обука на кадар и зелени иницијативи во туризмот.

- Advertisement -
Ad image

Важно е да се напомене и дека доколку лицето го промени пасошот во рокот од три години, овластувањето станува неважечко и мора да се аплицира повторно.

Обврската за ЕТИАС важи за државјани на 59 земји, меѓу кои и САД, Канада, Австралија, Велика Британија и сите држави од Западен Балкан. Но, одобреното патувачко овластување не гарантира сигурен влез, бидејќи граничните служби го задржуваат правото да одбијат влез.

ЕТИАС е вториот нов систем на ЕУ поврзан со граничната безбедност. Претходно, веќе е најавено воведување на Европскиот систем за влез и излез (EES), кој ќе започне на 12 октомври 2025 година.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article