Во Пинтија нема соодветна атмосферска канализација

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Во саботата по големото невреме и обилни дождови во Скопје падна потпорниот ѕид во Пинтија.
Населба Пинтија е на стрмен терен наклонет кон булевар Борис Трајковски.
За рушењето на дел од потпорниот ѕид на булеварот Б. Трајковски, кај населбата Пинтија, сметам дека причината е немањето на целосна и соодветна атмосферска канализација и попречни решетки кои ќе ја прифатат атмосферската вода од улиците.
Поради тоа целата количина на вода од огромните обилни дождови преку трите улични краци и преку дворовите удира директно на потпорниот ѕид.
Тој не е проектиран да биде брана за надојдените води.
- Advertisement -
Ad image

 

Од сликата може да видите дека на улицата која е во правец на бул Б. Трајковски има река од вода и како последица на тоа срушен е ѕидот точно кај што трите краци од улицата водат кон булеварот.

 

(Фејсбук статус на Коце Трајановски, поранешен градоначалник на Скопје)

Share This Article