More

    Путин е здрав, Лавров ги демантира гласините за влошеното здравје на претседателот

    spot_img

    Mинистерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров ги отфрли шпекулациите дека претседателот Владимир Путин е болен.

    – Не мислам дека разумните луѓе можат да видат кај оваа личност знаци на некоја болест – рече Лавров.

    Лавров додаде дека Путин, кој во октомври ќе наполни 70 години, се појавува во јавноста секој ден.

    – Можете да го гледате на екраните, да читате и да ги слушате неговите говори. Тоа го оставам на совеста на оние кои шират такви гласини – дополни Лавров.

    Во последните недели се појавија шпекулации за влошена здравствена состојба на рускиот претседател, коишто Лавров ги демантираше.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img