КРИСТИЈАН ТРАЈКОВСКИ НСДП-Лифераното соопштение на привезоците на Горан Мисовски и Мираковска е манипулативно, неетичко и крајно дискредитирачко и дезинформирачко

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Почитувани ,Секое кандидирање и евентуално повлекување на кандидатура е лично право на Кандидатот.

Информирањето на јавноста во мое име, од страна на други членови на НСДП го сметам за манипулативно, неетичко и крајно дискредитирачко и дезинформирачко.

Од таа причина ги информирам медиумите и јавноста дека ваквата постапка ме поттикнува да уште посилно да продолжам во мојата борба за слободна и демократска НСДП.

На 4 јуни, на Петтиот Конгрес на партијата, согласно Статутот на партијата, ќе се самокандидирам за иден претседател на НСДП, а информациите за повлекување на мојата кандидатура се невистинити.

Нема да дозволам да ја изневерам довербата на членовите на НСДП, како и нивната искрена желба за демократски промени во партијата и воедно ги повикувам сите делегати и членови на 4 јуни да постапат согласно сопствеото убедување, волја и морал и да имаме вистински демократски конгрес кој на крајот ќе не обедини во водењето на партијата.

Со почит,
Кристијан Трајковски,
Организациски Секретар на НСДП

Share This Article