Background

Тесла во криза: Продажбата опаѓа, а угледот страда поради политичките изјави на Маск

Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ се соочува со сериозна криза, а според „Си-Ен-Ен“, ситуацијата е уште полоша отколку што изгледа. Продажбата на компанијата е во опаѓање, профитот се урива, а вредноста на нејзините акции паѓа. Во исто време, пред салоните на „Тесла“ се одржуваат протести, додека „Сајбертракот“ е оценет како целосен неуспех.

Во првиот квартал од 2025 година, Тесла забележа пад на нето добивката од 71 процент, а аналитичарите предупредуваат дека на компанијата ѝ е сè потешко да оствари профит од својата основна дејност – продажба на автомобили. Иако во истиот период беше остварена добивка од 409 милиони долари, таа во голема мера беше резултат на продажбата на регулаторни кредити во вредност од 595 милиони долари на други производители на автомобили, а не на продажбата на самите возила.

Ситуацијата би можела дополнително да се влоши од планираните увозни тарифи на администрацијата на Доналд Трамп, што би ги зголемило трошоците за „Тесла“, особено во однос на автоделовите. Самиот извршен директор Илон Маск призна дека последиците би можеле да бидат значителни, иако помалку сериозни отколку за конкуренцијата.

- Advertisement -
Ad image

Компанијата, исто така, забележува пад на продажбата на клучните пазари, особено во Европа и Кина, иако вкупната продажба на електрични возила во тие региони расте. „Тесла“ е на пат да ја изгуби водечката позиција на глобалниот пазар на електрични возила, која наскоро би можела да ја преземе кинескиот „Бајд“.

Покрај деловните предизвици, компанијата се соочува и со негативни последици од политичката вмешаност на Елон Маск, вклучително и неговата работа во Канцеларијата за ефикасност на американската влада и поддршката за крајно десничарските политички партии, како што е AfD во Германија.

Аналитичарите од Волстрит предупредуваат дека штетата врз имиџот на Тесла би можела да биде долгорочна.

Маск негираше дека Тесла е во сериозни финансиски проблеми.

– Неколку пати бевме на работ на банкрот, но сега не сме блиску до тоа. „Очекувам предизвици во текот на целата година, но останувам исклучително оптимист за иднината на компанијата“, рече Маск.

И покрај силните приходи и годишниот раст на продажбата од 37 до 87 проценти во претходните години, што ја направи Тесла највредниот производител на автомобили во светот, а Маск најбогатиот човек, 2024 година го донесе првиот годишен пад на продажбата.

За ова придонесоа конкурентските притисоци, особено од Кина, но и негативните перцепции на клиентите поради политичките ставови на Маск.

Иако некои инвеститори сè уште веруваат во закрепнувањето на „Тесла“, тие веруваат дека спасот на компанијата би можел да дојде од најавената услуга за роботакси без возач, која се очекува да започне во наредните месеци.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation