Неколку лица се избодени со нож во југоисточна Норвешка, соопшти полицијата. Осомничениот е уапсен.
Најмалку четири лица се избодени и повредени со нож во случајни напади во Нумедал во југоисточна Норвешка, соопшти во петок локалната полиција.
Една од жртвите е во критична состојба, а полицијата потврди за Ројтерс дека осомничениот е „под контрола“.