Продолжување на судската и јавно-обвинителската функција и по исполнување на утврдената старосна пензија до 67 години возраст се предвидува во измените на Законот за работните односи што помина денеска на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Продолжување на судската и јавно-обвинителската функција и по исполнување на утврдената старосна пензија до 67 години возраст се предвидува во измените на Законот за работните односи што помина денеска на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика.

Целта на измените, како што објаснија предлагачите од ВМРО-ДПМНЕ, е да се надмине недостигот на кадар во правосудството и да се овозможи соодветно функционирање на правосудниот систем, односно, да се елиминираат оправдувањата дека за какви било постапувања нема доволно судии или обвинители.

– Голем дел од луѓето во правосудниот систем заминуваат во пензија, а во изминатиот период имаше и многу сериозни скандали во функционирањето на Академијата за судии и јавни обвинители за одредени избрани лица и за начинот на кој се вршеше прием на кандидати со тестови, кои се предмет на истражна постпка. За да не настане одредена празнина во функционирањето, а гледаме дека во овој период има сè позасилена борба против корупцијата и сè поголем број отворени истраги и доставени докази до јавниот обвинител, сметаме дека на ваквиот начин ќе се обезбеди соодветна застапеност во насока на постапување по сите индиции за сторен криминал и отворени случаи пред Обвинителството – истакна пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е еден од предлагачите на законските измени.

Идејата на предлагачите е, додаде, сите отворени случаи да бидат завршени.

– Целта е органите одговорни за прибавување докази да ги соберат и да ги достават до Јавното обвинителство, а тоа да ги преточи во обвинителен акт и да ги испрати до судовите, за судиите да постапуваат. Кажавме дека сурово ќе се бориме против корупцијата и криминалот. Нема да дозволиме поради ваков системски пропуст, кој е намерно направен во претходните години, некој да биде амнестиран. Правдата треба да важи еднакво за сите и не може некој да се вади на тоа дека нема доволен број судии или обвинители, за да бидат завршени случаите – рече Стојановски.

Според опозицијата, решението е парцијално и дискриминирачко, затоа што не им овозможува продолжување на стажот и другите струки што ѝсе потребни на државата.

За предлогот имаше три амандмани, сите поднесени од Моника Зајкова од ЛДП, но ниту еден не беше прифатен.

Димитар Ковачевски од СДСМ оцени дека предложеното решение е парцијално и на некој начин дискриминирачко зашто со него, освен на судиите, продолжен стаж им се овозможува и на сите избрани и именувани функционери, директори, но не и на врвните експерти, технолози, инженери итн.  Јованка Тренчевска рече дека законот треба да се повлече и да им се овозможи и на работниците во приватниот сектор, особено на дефицитарните профили, да одат подоцна во пензија.

Комисијата го проследи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи на натамошна постапка во Собранието.

- Advertisement -
Ad image

Во предлог-законот е наведено дека од потребните 434 судии, во моментот се пополнети 274 судиски места, а од предвидените 287 обвинителски места, пополнети се 183.

Share This Article