More

    Бектеши потенцира дека земјата ќе има бенефит од овој проект

    spot_img

    Заинтересирани сме за создавање на гасоводот Петрич-Струмица, рече министерот за економија на Северна Македонија, Крешник Бектеши за БНТ, истакнувајќи дека цел на Владата е продлабочување на соработката со Бугарија, како и со другите соседни земји, јави дописникот на МИА од Софија.

    Тоа, посочи Бектеши, важи и за енергетскиот сектор, особено за диверзификацијата и снабдувањето со гас на Северна Македонија. Друг важен фактор е зајакнувањето на безбедноста на снабдувањето со гас во Северна Македонија, бидејќи мора да се има предвид дека во Скопје производството на топлинската енергија доаѓа од снабдувањето со гас. Северна Македонија е заинтересирана самостојно да се приклучи на терминалот за течен природен гас во Александрополис. Тој коментира дека Скопје е во постојан контакт со инвеститорите, но и со учесниците на терминалот, што значи дека е во контакт и со Бугарија, која е и еден од инвеститорите во него.

    Според македонскиот министер за економија, ова може да го зголеми количеството на гас во регионот на Западен Балкан и со тоа да ги намали цените на бензинот, а со тоа да доведе до поголеми можности и за Александрополис и за постоечкиот гасовод со Бугарија, како и за ТАНАП.

    Како што вели Бектеши, годинава Северна Македонија ќе започне со изградба на интерконектор со Грција, кој ќе биде вклучен во мрежата на локалниот оператор ДЕСПА. Така, Северна Македонија е повеќе од заинтересирана за секоја можност што ќе ја зголеми можноста за зголемување на количествата гас, како и безбедноста на нивното снабдување, што ќе влијае на цените на производството, а во иднина и на приватните потрошувачи.

    – Со воспоставување подобри контакти меѓу туристичките компании од Северна Македонија и Бугарија може да се постигнат подобри резултати. По периодот на Ковид-19, се враќаме на посериозни економски активности, како што е формирањето на нови авиолинии, како и инвестициите во инфраструктурата, како што е експресниот пат до границата со Бугарија. Работиме и на реализација на железничката пруга и убеден сум дека со овие акции ќе се зголеми бројот на туристи од двете страни на границата – вели Бектеши.

    При крај сме, посочи, со потпишувањето на најавениот меморандум за соработка во туризмот и очекуваме да биде потпишан во април. Една од точките на овој документ е двете земји да учествуваат на саеми за туризам и настапи во трети земји, за да можат странските туристи да ги посетат и Северна Македонија и Бугарија.

    – Авиокомпанијата Софија-Скопје може да се прошири – најавува Бектеши, кој во тек на неодамншените разговори со тур-операторите рече дека треба да се искористи секоја можност за поврзување и на Варна и на Охрид и Тирана, бидејќи, како што наведе, можеме да создадеме заеднички туристички производи, кои исто така би биле важни за соработката во Коридорот 8, кој води кон развој на сите земји по неговата траса.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img