РУСИЈА МАСОВНО ЈА НАПАЃА УКРАИНСКАТА ЕНЕРГЕТСКА ИНФРАСТРУКТУРА

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за енергетика на Украина, Герман Галушченко, денеска преку Фејсбук објава информираше дека Русија масовно ја напаѓа енергетската инфраструктура на земјата.

Во утринскиот напад во Харков, три лица се ранети од руски ракети, соопшти градоначалникот на вториот по големина украински град, Игор Терехов.

Украинските сили соопштија дека Харков бил цел на балистички ракети. Началникот на Обласната воена администрација, Олег Синегубов, прецизираше дека нападот предизвикал штети на цивилна инфраструктура која не е од станбен карактер.

Галушченко додаде дека компанијата за управување со енергетската мрежа го ограничила снабдувањето со електрична енергија за да се минимизираат штетите.

Руските напади врз енергетската мрежа на Украина се засилија во пролетта, предизвикувајќи штети на речиси половина од инфраструктурата и оставајќи ја земјата без електрична енергија за долг период.

Share This Article