More

    Нема крај на изненадувањата од Софија

    spot_img

    Државата има институции и механизми за заштита на правата на сите граѓани, вклучувајќи ги и оние коишто се самоопределуваат како Бугари, рече премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на премиерот на Бугарија, Кирил Петков, дека нашата влада требало да формира некаков вид институција за заштита на правата на Бугарите.

    – Ние сме единствената држава во Европа којашто има министерство за помалите етнички заедници. Единствени во Европа имаме законски решенија со коишто се унапредуваат правата на помалите заедници во секоја смисла. Од користење јазици, преку еднаков пристап до вработувања во јавниот сектор, имаме и канцеларија на Омбудсманот којашто се грижи за правата на сите граѓани. Капацитетот на институциите може да биде во секое време зголемен, тоа го предвидува и нашиот Устав, каде се вели дека секој граѓанин има право на личен и професионален развој – рече Ковачевски.

    Петков нагласи дека неговата Влада „нема да прави ништо“ без одлука на бугарскиот Парламент и ништо нема да биде сокриено од јавноста.

    – Вистината е следна. Јас мислам дека сите Бугари знаат дека С Македонија треба да е во Европската Унија. Сите Бугари знаат дека правата на Бугарите во С Македонија треба да бидат заштитени. Од тука натаму да ја тргнеме настрана таа политичка реторика, туку да се работи. Јас очекувам во следниот период С Македонија да направи некаков вид институција при тамошната Влада токму за правата на Бугарите – изјави Петков.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img