Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична против жител на село Могорче поради „злоупотреба на лични податоци“.
– Кривична пријава е поднесена против Ќ.М.(22) од дебарското село Могорче, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ – информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.
Како што соопшти, Ќ.М. на 11 март годинава влегол во канцеларијата на експозитура за брзи кредити и доставил возачка дозвола од друго лице со која сакал неовластено да подигне пари.