Ајфеловата кула била во пламен, евакуирани се 1.200 луѓе

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ајфеловата кула била во пламен, пренесоа медиумите, повикувајќи се на очевидци.

Полициски извор изјави за булеварот Волтер дека околу 1.200 луѓе се евакуирани, пренесе Њузвик.

 

Причина за пожарот, велат, е прегревање на кабел.

Корисниците на социјалните мрежи веднаш почнаа да споделуваат дека биле замолени веднаш да ја напуштат кулата.

– Добивме порака веднаш да се евакуираме – напиша корисник на Икс.

Ајфеловата кула во Париз дневно има просечно по 25 илјади посетители, пренесува Метро.

 

МИА – Изгаснат е пожарот во Ајфеловата кула (12.49 часот)

Ајфеловата кула во Париз денеска беше евакуирана откако изби пожар.

- Advertisement -
Ad image

Пожар бил забележан во еден од лифтовите на Ајфелова кула, поради што посетителите биле евакуирани. Пожарот набргу е изгаснат.

Share This Article